еМагазин
Image default
Македонија

Заев за новите „бомби“: Тие се дел од материјалите што ги предадов на СЈО

Премиерот Зоран Заев ја разреши дилемата дали вчерашните „бомби“ се дел од материјалот што тој го предаде на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Тој потврди дека тие се дел од прислушкуваните разговори кои СДСМ ги поседувал како извлечени од УБК и потоа биле предадени на СЈО.

– За мене е значајно институциите да постапуваат. Дали се тоа дел од разговорите, тоа што го имав слушнато, а ги немам слушнато сите разговори, малку ми стана и мачно после долго време, е од делот на пакетот што го предадов во СЈО, што секако само потврдува дека ние сме добиле само дел од тоа што на времето се правело како неовластено прислушкување, и го имало на други страни, рече Заев.

Инаку разговорите кои потекнуваат од нелегалното прислушување во периодот од 2008 до 2015 година се забранети да бидат објавувани според Законот за заштита на приватноста донесен во 2015 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МОСТ: Инцидентите пред едно од гласачките места во странство го нарушуваат правото на глас

Редакција

Министерот Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Редакција

В четврток средба Мицотакис-Заев

Редакција