еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Загина 25-годишен скопјанец откако со мотоцикл излетал од коловоз на автопатот Скопје – Тетово

Дваесет и петгодишно лице од Скопје вчера почина откако со мотоцикл излетал од коловозот на автопатот Скопје – Тетово.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера во 21 часот на автопатот Скопје – Тетово, на обиколница на град Скопје, после клучка Мирковци.

Лицето Д.З.(25) од Скопје, управувајќи мотоцикл „априлија“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

По незгодата Д.З. бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им подлегнал на повредите.

Извршен е увид на местото на незгодата, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за девет лица од приведените во полициската акција во Куманови и Скопје

Редакција

Функционерите ќе добијат повисоки плати, за Пендаровски тоа е невкусно во криза

Редакција

Атанас Киров избран за генерален директор на велешки Димко Митрев

Редакција