еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Загребската берза купи 5,3% од Македонската берза по цена од 1.000 евра по акција

Загребската берза (ЗСЕ) денеска соопшти дека купила 148 акции на Македонската берза, или 5,3 проценти од акционерскиот капитал на македонското друштво, по цена од 1.000 евра по акција.

“Трансакцијата е целосно финансирана од сопствени средства“, велат од Загребската берза.

Од таму велат дека Загребската берза ДД со години успешно соработува со Македонската берза за размена на знаење и искуство, а поинтензивно од 2014 година, кога заедно со Бугарската берза го основаше друштвото „СЕЕ Линк доо Скопје“, во која трите берзи делат еднакви акции на сопственост.

На Загребската берза ова и е второ купување на удел во регионална берза. Во 2015 година се здоби со 100% од сопственоста на Љубљанската берза, која ја купи од Виенската берза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четири лица од Тетово се суспектни на јужноафриканскиот сој на Ковид-19

Редакција

Почна летното сметање на времето: Стрелките на часовникот се поместија за еден час понапред

Редакција

Фон дер Лајен од Скопје: Постигнавте извонреден напредок, сега ЕУ треба да испорача

Редакција