еМагазин
Македонија

Захариева: Во Македонија се добиваат избори на антибугарска реторика, кај нас не е така

Бугарската министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, во интервју за Клуб 3, повторно потенцираше дека Македонија не го почитува Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Захариева вели дека Бугарија еден ден ќе каже „да“ за почеток на преговорите со Македонија, но само по завршувањето на антибугарската кампања и омраза кај нас.

Во интервјуто вели и дека ГЕРБ (на Бојко Борисов) не ја отстапила темата Македонија на ВМРО-БНД (на Красимир Каракачанов) за предизборни цели.

„Таму може да се добијат избори со антибугарска реторика. Во Бугарија може да има одобрување на нашата позиција, но тоа не значи дека само поради оваа причина некој може да победи на изборите.

Во Бугарија, фала му на Бога, изборите не се добиваат противејќи се на соседите. Така и треба да биде“, вели Захариева.

Фото: Фејсбук/Захариева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 412 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

(ВИДЕО) Катица Јанева одговараше на новинарите џвакајќи „мастика„

Редакција

(Фото) Сашо Мијалков „во друштво“ на братучедот Груевски меѓу бегалците на сајтот на МВР

Редакција