еМагазин
Image default
Македонија

Захариева: Во РС Македонија не го почитуваат правото на самоопределување на граѓаните со бугарска самосвест

Бугарија не го смени мислењето дека местото на сите земји од Западен Балкан е во ЕУ. Софија инсистираше на видливи резултати во спроведувањето на Договорот за добрососедство со РС Македонија. Тоа е позиција што ја предложи бугарската влада, а едногласно ја усвои Парламентот, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во инттервју за радио „Дарик“.

-Секогаш може да се бара повеќе од еден договор. Проблемот е во тоа што довербата е веќе на многу ниско ниво, вели Захариева.

Тврди дека никој не го оспорува правото на самоопределување и слободно изразување, а проблем не бил ниту јазикот.

– Јазикот никогаш не бил непремостлива пречка за пристапувањето на РС Македонија. Тој е непремостлива пречка за нив. Господинот претседател (Стево Пендаровски) многу добро знае за што станува збор, и не треба да ги извртува работите, истакнува Захариева.

Според неа, „пропагандата во РС Македонија има за цел да го одвлече вниманието од фактот дека не се почитува напишаното во Договорот за добососедство“.

– Политичките прашања мора да ги решат политичарите. Проблемот е во тоа што што нашите пријатели од РС Македонија се обидуваат да им пренесат политички прашања на историчарите, смета Захариева.

Сепак, признава дека позицијата не е лесна за разбирање, но оти ќе продолжат со напорите да ја обајснат. Но, додава Захариева, тоа не значи дека Бугарија треба да продолжи да ги затвора очите.

– За да се решат проблемите со РС Македонија, треба да се намалат емоциите. Со емоции и разговори преку медиумите тоа нема да се случи. Потребна е добронамерност, отвореност, ставање на проблемите на маса и да им се остави на историчарите да си ја вршат својата работа без политички притисок, заклучува шефицата на бугарската дипломатија.

Интервјуто за „Дарик“, таа го дообјаснува и на својот фејсбук портал. Повторува дека местото на земјите од Западен Балкан е во ЕУ, но кога ќе бидат подготвени за тоа.

– Очекувањата во Република Северна Македонија дека некој ќе изврши притисок врз нас и ќе го заборавиме спроведувањето на Договорот за добрососедство и одлуката на нашиот Парламент не се реални. Им кажавме: Не сметајте на тоа, ние не работиме така во ЕУ, пишува Захариева.

Наведува дека е загрижена поради „грдите манипулации што ги започнаа политичарите во Скопје дека го оспоруваме нивното право на самоопределување“.

– Напротив, во Република Северна Македонија тие не го почитуваат правото на самоопределување на своите граѓани со бугарска самосвест, пишува Екатерина Захариева на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-Народна партија: Македонските граѓани кои имаат бугарски пасоши се чувствуваат загрозени поради ветото на Бугарија

Бугарско МНР: 88.450 граѓани на РС Македонија имаат бугарско државјанство, не смееме да ги предадеме

МИА/Фото: Фејсбук/Захариева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државјанин на Македонија баран со меѓународна потерница,  уапсен во Драч

Редакција

Вработен во УЈП уапсен за поткуп

Редакција

Груевски бара доказ од Мицкоски дека е во комуникација со Владата и дека го дели ВМРО-ДПМНЕ

Редакција