еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Замина легендарниот возач на Формула 1, Ники Лауда

На 70 годишна возраст по неколкумесечно боледување почина легендарниот возач на Формула 1, Ники Лауда.

Информацијата ја потврди неговото семејство.

„Со голема болка објавуваме дека нашиот сакан Ники почина на 20. мај 2019 година“, велат од таму.

Лауда три пати беше првак во Формула 1, во 1975 и 1977 година како возач на Ферари, а во 1984 година како возач на Меклларен.

Лауда имаше изгореници на телото од трка во 1976 година, две трансплатации на бубрег во 1997 и 2005 година.

Почина како неформален директор на Мерцедес, а од почетокот на годинава беше во болница во Виена, неколку месеци по трансплатацијата на црн дроб откако во лани доби нов црн дроб.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Струшкиот градоначалник отворил дивоградба. Требаше и од УНЕСКО преставник да викнат, грешка во протокол“: Твитер реакции

Редакција

Горивата поевтинуваат од 1,5 до три денари за литар

Редакција

Во Тетово се протестираше за пожарот во модуларната болница, дел од демонстрантите се судрија со полицијата

Редакција