еМагазин
Image default
Бизнис

Запрена постапката за разрешување на директорот на АЕК, Сашо Димитријоски

Постапката за разрешување на директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Сашо Димитријоски е запрена откако на последната седница на Комисијата на АЕК двајца членови гласаа против, а двајца беа воздржани во однос на неговото разрешување.

Ваквиот епилог следува откако Комисијата го разгледа произнесувањето на Димитријоски кој укажа дека одлуката за негово разрешување е незаконска.

Сашо Димитријоски

„Во писменото произнесување директорот на АЕК наведува дека донесениот заклучок е незаконски бидејќи е спротивен на деловникот за работа на Комисијата на АЕК, односно спротивен на Законот за електронските комуникации.

Истиот смета дека наводот содржан во заклучокот за тоа дека неговата сопруга работела на раководно место во еден од операторите е неоснован од причини што неговиот брачен другар ниту работел во операторот на раководна функција ниту работел на раководна функција во текот на неговиот мандат.

За истиот приложува соодветни докази и тоа: потврда издадена од 10.09.2019 година. Оттука директорот на АЕК смета дека не се исполнети условите од Законот за електронски комуникации и Статутот на АЕК за наводна неспоивост на неговата функција со работното место на неговиот брачен другар.

Притоа во признесувањето директорот на АЕК се повикува на соодветни одредби од Статутот на АЕК и Законот за елкетронски комуникации.

Во поглед на останатите наводи истиот смета дека се законски ирелевантни. Предлогот за разрешување Претседателот го стави на гласање по што Комисијата не го усвои предлогот за разрешување на Директорот на АЕК од причини што двајца од присутните членови гласаа против, а двајца од присутните членови беа воздржани. Постапката за разрешување на Директорот на АЕК се запира“, пишува во записникот од седницата.

Членови на Комисијата на АЕК се Ствица Јосифовски (претседател), Горан Велинов, Гордана Клинчаровска, Дешира Имери и Ервин Реџепагиќ.

На седницата на која се одлучувало по прашањето за разрешкување на Димитријоски од оправдани причини не бил присутен Ервин Реџепагиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Тивка смена“ во АЕК: Стевица Јосифовски нов претседател наместо Гордана Клинчарова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло продолжена до 15 април

Редакција

(ВИДЕО) Каков имот има Џеф Безос, најбогатиот човек во светот: Авион, апартмани, скапи возила…

Редакција

„Оилко“ откупи 300 сопствени акции

Редакција