еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Засега нема да се применува мерката задолжителна вакцинација или негативен ПЦР-тест во јавниот сектор

Засега нема да се применува мерката задолжителна вакцинација или негативен ПЦР-тест во јавниот сектор, затоа што се заклучило дека тоа отвора многу сериозни прашања во врска со казнувањето на тие што нема да прифатат вакцинирање, а од друга страна, е и голем финансики товар, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Одредено време ќе се согледува дали ќе помогнат апелите од матични лекари, но дополнителна мерка во некоја форма вакцината да биде задолжителна не е исклучена, согласно со искуствата и примерите кои ќе ги даваат други земји во периодот што доаѓа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наградувањето на матичните лекари е добра мерка, смета Филипче

-Некои земји размислуваат и за таа мерка, но мислам дека е се уште рано. Додека тоа се осмисли, треба да се види и провери како овие мерки ќе имаат резултат. Ќе видиме каков ќе биде интересот и опфатот за вакцинацијата во следниот период со оваа мерка за матичните лекари.

Спремни сме да носиме и други препораки. Мислам дека, генерално во Европа, ова е нешто што ќе се менува. Некои земји размислуваат вакцинацијата да биде задолжителна, но очигледно се уште е рано и потребна е комуникација со граѓаните. Гледано низ призмата на здравствениот систем, најпрактичен механизам ни се матичните лекари, истакна Филипче.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Генералниот секретар на ОН, Гутереш: Светот „гледа в око на ураган од петта категорија“

Редакција

По фијаското во Собранието: Пратениците шест месеци треба да работат без плата

Редакција

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на ПИОМ за набавка на пикап вреден 13.000 евра

Редакција