еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Застрелан убиецот на двајцата навивачи од Шведска во Брисел

Мажот осомничен за синоќешното убиство на двајца шведски државјани во Брисел е застрелан од полицијата и пронајдено е автоматското оружје со кое е извршен нападот, соопшти претпладнево белгиската министерка за внатрешни работи Анелис Верлинден.

– Имаме добра вест дека го најдовме лицето, изјави Верлинден за радиото ВРТ.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, локални медиуми објавија дека напаѓачот им подлегнал на здобиените повреди на пат кон болница, но засега нема официјакна потврда на оваа информација.

Градоначалникот на Брисел, Филип Клоз, пак, за телевизијата БФМ изјави дека „се чини оти осомничениот навистина е неутрализиран“.

Според медиумските информации, осомничениот, 45-годишниот Абдесалем Ал Гуилани по потекло од Тунис, бил застрелан во кафуле во бриселската населбата Скарбек. Полицијата трагаше по него од синоќа, откако уби двајца шведски државјани и рани трет.

Портпаролот на белгискиот обвинител Ерик Ван Дајсе потврди дека полицајци отвориле оган при апсењето на осомничениот, но одби да даде повеќе детали.

Ал Гуилани синоќа на социјалните мрежи објави видео со кое презема одговорност за убиствата, тврдејќи дека е припадник на Исламската држава и дека нападот го извршил во „име на Алах“.

Според белгискиот министер за правда Винсент Ван Квикенборн, Ал Гуилани илегално престојувал во земјата, откако во ноември 2019 година властите го одбиле неговото барање за азил. Тој на полицијата и бил познат за поврзаност со шверц на луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Во терористички напад во Брисел убиени двајца Швеѓани, убиецот во бегство

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Португалскиот предлог го третира и прашањето за јазикот, само Радев има мандат да го повлече ветото, вели Османи

Редакција

Разрешен државниот правобранител Фехми Стафа

Редакција

Шведска потпиша барање за влез во НАТО

Редакција