еМагазин
Image default
Локално

Затворен угостителски објект во Радовиш, работел по дозволеното работно време

Полициски службеници од Полициската станица Радовиш синоќа во 21.15 часот извршиле контрола на угостителски објект на улица „Св.Спасо Радовишки“ во Радовиш, при што било констатирано дека не било почитувано работното време, односно во објектот биле затекнати шест лица – гости.

Како што соопшти денеска МВР, известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепчанец излетал со возило, повредени две дечиња

Редакција

Чех тешко повреден по пад од скали во кафана во Скопје

Редакција

Голем пожар се шири во близина на Косел, Опеница и Вапила охридско

Редакција