еМагазин
Image default
Локално

Затворен угостителски објект во Тетово, работел по дозволеното време 

Вчера во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект на ул.„ЈНА“ во Тетово, сопственост на Ф.Ц.(33) од Тетово. При контролата во објектот биле затекнати пет лица – гости и сопственикот.

„Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а сопственикот Ф.Ц. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“,“ се вели во соопштението на МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градежник почина во Кавадарци

Редакција

Советот на Општина Дебар за почесни граѓани прогласи петмина експерти од Албанија

Редакција

Телото на удавениот 42-годишен штипјанец пронајдено во Дојранско Езеро

Редакција