еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Седумнаесетгодишно момче загина во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека седумнаесетгодишно момче од село Мешеишта, Општина Дебарца, загинало во сообраќајка што се случила изутринава околу 3 часот кај село Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево.

Момчето било сопатник во возилото и од здобиените повреди починало на местото на несреќата.

Како што информира МВР, во несреќата автомобилот „киа соренто“ со охридски регистарски ознаки, кој бил управуван од друг малолетник, 17-годишник од село Лешани, Општина Дебарца излетал од патот.

Возачот-малолетник се здобил со тешки повреди и е пренесен во охридската болница „Св.Еразмо“.

Екипа на СВР Охрид извршила увид на местото на несреќата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитриевски до Владата и пратениците: Народот во песни ќе ве опева како уништувачи на сопствениот род

Редакција

Нов раст: 81 случаи на Ковид-19 од 5.315 тестирања, најмногу од Скопје и Тетово

Редакција

(Галерија) Нов Wine & Chocolate салон во Лептокарија

Редакција