Полициски службеници синоќа во 21.10 часот извршиле контрола во угостителски објект во село Желино, тетовско, сопственост на З.С.(48) од с.Желино, при што било констатирано дека објектот работи по дозволеното време и внатре биле затекнати повеќе лица – гости и странски државјанки кои ги забавувале гостите.
– Објектот бил затворен, а З.С. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Во полициска станица биле приведени и шест албански државјанки по член 418 од Кривичниот законик и поради злоупотреба на туристичкиот престој, соопшти денеска МВР.
По целосно документирање на случајот и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.