еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Заврши Самитот Македонија 2025 – градење на партнерства и соработка во насока на градење на просперитетни економии

Трансформација на компаниите во дигиталната ера, управување со перформансите и повторен развој, градење на флексибилни бизниси, вештачка интелигенција, моќта на комуникацијата, беа дел од темите на вториот ден од годинешниот Самит Македонија 2025, што се одржа во Скопје.

На самитот преку 40 говорници, водечки во своите области во глобални рамки зборуваа за клучните перспективи во процесот на креирање просперитетни економии. Во таа насока, акцент беше ставен на потенцијалите на дигитализацијата, употребата на вештачката интелигенција и  стратешкото лидерство во процесот на трансформација на општествата и поттикнување на развојот.

На свеченото затворање на Самитот пред присутните се обрати и претседателот Стево Пендаровски, кој уште еднаш ја подвлече важноста на поголемата соработка и создавање на партнерства. За континуираната поддршка на активностите на Македонија 2025 на претседателот Пендаровски му беше доделена благодарница.

Една од главните цели на Македонија 2025 е креирање партнерства и јакнење на соработката помеѓу македонската дијаспора, од една, и националните институции и бизнис заедница, од друга страна, во насока на креирање на нови потенцијали за поголем економски просперитет на земјава и целиот регион.

Во ера на глобализација, соработката и поврзувањето со македонската дијаспора, но и со водечките професионалци кои имаат огромен глобален придонес во својата област е од клучно знаење.

„Во рамките на Самитот Македонија 2025 годинава успеавме да создадеме солидна база за соработка помеѓу приватниот и јавниот сектор, но и база која ни дава можност да ги осознаеме искуствата и успешните модели кои веќе се имплементирани во други општества и економии, па истите да ги приспособиме и примениме и тука, кај нас, и да помогнеме и нашата земја да стане подобро место за живеење.

Во таа насока, работиме и на интензивирање на соработката во регионот, бидејќи одржливиот развој е можен само во поширокиот контекст. Искрено верувам дека имаме можност, само ни треба поголема волја и вложени напори. Да се обидеме сите заедно да придонесеме кон што побрз напредок, бидејќи тоа им го должиме на нашите деца и на идните генерации.

Ние ќе продолжиме да работиме во таа насока, а се надевам дека кон оваа наша мисија ќе се приклучат сите што имаат желба да поттикнат промени“, истакна Никица Мојсоска Блажевска, извршна директорка на Македонија 2025.

На самитот кој годинава се одржа по 12. пат, говорниците имаа можност да ги слушнат повеќе од 500 гости.

Покрај организација на Самитот, Македонија 2025  досега има имплементирано програми за економски развој со  вредност од 3,6 милиони долари, како и 1,7 милиони долари во образование и лидерство. Во овие програми вклучени беа над 670 менаџери, претприемачи и млади таленти.

На Самитот беа опфатени и актуелни теми значајни за бизнисите и граѓаните, како што се дигитална трансформација, зајакнување на претприемачките капацитети, иновации во функција на поголема конкурентност, холистички пристап преку примена на ЕСГ (environment, society, governance) стандардите, како и успешни приказни на компании од регионот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Благодариме Србија што ни ги спасуваш животите“: Српските медиуми за масовната вакцинација против Ковид-19 на регионов

Редакција

Најлоша варијанта досега: Во Јужна Африка откриен нов опасен сој на Ковид-19, СЗО свика итен состанок

Редакција

На три пункта во Скопје може да се потпишат новите договори за парно греење, испораката на топлина нема да биде прекината

Редакција