еМагазин
Image default
Македонија

Завршните зборови за „Организаторите на 27 април“ закажани за 1 јули

Судењето за „Организаторите на 27 април“ влегува во завршна фаза. На денешното рочиште беа изведени последните материјални докази од одбраната на обвинетиот Миле Јанакиески.

Кривичниот совет предводен од судијата Илија Трпков, одлучи на следното рочиште, закажано на 1 јули, Обвинителството да почне со завршни зборови, додека завршните зборови за одбраната се закажени за 6 и 12 јули.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, екс-министрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сугарески поднесе оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ

Редакција

Телефонската централа преку која што се прислушувало во Основниот суд, била набавена преку Министерството за правда

Редакција

Кривична пријава за објавување список со имиња и адреси на заразени од корона вирусот

Редакција