еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 66 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 66 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 3 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 6 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 2 пациенти, во Велес се лекуваат 2 болни, а во Куманово 15 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 8 пациенти, во Прилеп 5, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 3 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациенти, во Кичево 1 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 96 и има околу 460 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 18 лица, дополнително пријавени уште 10

Редакција

Ќе се утврдува одговорноста на полицајците кои не постапувале за време на полицискиот час во Чаир

Редакција

Вучиќ во Скопје: Верувам дека ќе ги отстраниме шумовите во односите меѓу двете земји

Редакција