еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Во сообраќајни несреќи лани загинале 125 лица

Според податоците на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во периодот од 2010 до 2020 година најмногу жртви на патиштата имало во 2013, а најмалку во 2020 година.

Ова, велат од РСБСП, значи дека безбедноста на сообраќајот на патиштата во Македонија бележи тренд на подобрување.

Според податоците на Советот, лани во земјава во сообраќајки загинале 125 лица.

„Ако се земе во предвид фактот дека во периодот од 2002 до 2020 година бројот на возила во државата се зголеми за повеќе од двојно и од 250.000 регистрирани возила, бројката на возила се зголеми на околу 550.000 регистрирани возила, а бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди во 2002 година изнесувал 176, а во 2020 – 125 загинати лица, тогаш може да се заклучи дека безбедноста во патниот сообраќај бележи тренд на подобрување, но сепак се уште не е постигнато посакуваното ниво на безбедност на патниот сообраќај,“ се вели во соопштението од РСБСП.

Ако се тргне од претпоставка дека Македонија има 2.000.000 жители, велат од РСБСП, тоа значи дека во земјава лани имало 6.25 загинати лица во сообраќајни незгоди на 100.000 жители.

„Просекот на земјите членки на Европската унија е 5 загинати лица на 100.000 жители. Притоа важно е да се напомене дека, со исклучок на скандинавските земји кои имаат по 3 загинати лица на 100.000 жители, голем дел од земјите членки на Унијата имаат исто или слично ниво на безбедност на сообраќајот на патиштата како Македонија, а некои дури се и понебезбедни.

Ако како индикатор се земе бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди на 100.000 жители, со исклучок на Словенија, која покажува повисоко ниво на безбедност на патниот сообраќај, Македонија покажува повисоко ниво на безбедност на патниот сообраќај во однос на сите останати земји во регионот,“ се вели во соопштението.

Статистиката со која располага РСБСП, покажува дека од загинатите 125 лица, 57 загинале во населено место и 68 надвор од населено место. Од загинатите, 20 се пешаци, 18 се мотоциклисти, 5 велосипедисти, 6 возачи на трактор, итн.

Според возраста, најмногу – 41 лице, се на возраст од 41-54 години, три лица на возраст до 14 години и седум лица на возраст од 15 до 19 години…

По месеци, најмногу загинати има во август – 19 и јули – 17, а најмалку во март – пет загинати лица во сообраќајни незгоди. Недела со 28 и сабота со 21 жртва се најнебезбедни денови, а вторник со 13 жртви е најбезбеден ден.

Најкритичен во 2020 година се покажал периодот од 13 до 14 часот, период во кој загинале 12 лица лица во сообраќајни незгоди.

Според статистиката на Светската здравствена организација годишно на светско ниво околу 1,3 милиони лица го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони се повредени во сообраќајни незгоди.

Фото: РСБСП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Шекеринска и американската амбасадорка Брнс го искачија врвот Лако Сигној на Галичица

Редакција

Проф. Трајковски: Ако продолжи морталитет од 1 починат на милион жители дневно, ковидот годинава би бил околу деветтото место како причинител за смрт

Редакција

16-годишник без возачка дозвола со „БМВ Х6“ го прегазил лекарот Ѓорги Јота кој се здобил со тешки телесни повреди

Редакција