еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Здравствена работничка од Берово е втората жртва од Ковид-19 во Малешевијата, позитивни и нејзиниот сопруг и син

Здравственa работничка од Берово е втората жртва од Ковид-19 во Малешевијата. Станува збор за пациентка на возраст од 57 години која по позитивниот тест пред повеќе од 48 часа, заедно со нејзиниот сопруг, кој исто така е здравствен работник биле примени во болница.

Според информации од лица блиски на пациентите, во текот на вчерашниот ден состојбата на пациентката се искомплицирала по што починала. Според истиот извор и лица со кои контактирал, нејзиниот сопруг е во добра здравствена состојба. Позитивен на Ковид-19 како што додаваат е и нивниот син кој е без симптоми.

За помош на семејството и скапото лекување, како што информираат граѓани, во тек е хуманитарна акција за собирање парични средства.

-Се работи за исклучително пожртвувани здравствени работници кои нема на кого не помогнале, поради што со помош на локалните портали е организирана и акција за собирање парична помош за семејството, информираа граѓани.

Во Берово заклучно со денешниот ден има осум активни случаи кои се позитивни на Ковид-19.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија предупредува: Артикот може да стане бојно поле по одлуката на Финска и Шведска за влез во НАТО

Редакција

На 7 години одземена лиценцата на анестезиологот од Тетово, кој објавуваше снимки на пациентки на Тик ток

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во комисиите во Собранието и ќе поднесе предлог-закон за амнестија

Редакција