еМагазин
Македонија

„Зелен хуман град“ ги собра потребните потписи и одат на избори

Здружената иницијатива на 20 организации и активистички групи од Скопје, „Зелен хуман град“ ги собра потребните потписи за претстојните локални избори.

„За рекордни 6 дена, успеавме да собереме над 1.000 потписи и за независната листа на советници за Град Скопје со Драгана Велковска и Горјан Јовановски како носители, и за Ана Петровска како независна кандидатка за градоначалничка!

Фактот што за толку кратко време се собраа и повеќе од доволно потписи, ја покажува големата желба на скопјани да живееме во „Зелен хуман град“. Огромна благодарност до сите вас за поддршката што ни ја дадовте, се гледаме на избори во октомври,“ напишаа тие на Фејсбук.

Од таму информираат дека нивната партнерска листа за независен општински совет на Гази Баба, Зелените од Гази Баба сè уште собираат потписи.

„Ако си жител на таа општина, појди во ДИК Гази Баба, и дај ја својата поддршка за нив,“ апелираат од Зелен хуман град.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само со почитување на правото на самоопределување може да зборуваме за обединета Европа, вели Пендаровски

Редакција

Двајца потешко, а шест полесно повредени во судар на македонски туристички автобус и камион кај Линц

Редакција

Османи потврди дека постои иницијатива Секретаријатот за Рамковниот договор да стане министерство

Редакција