еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Земји-членки да ја зауздаат ​​побарувачката на гас, да складираат повеќе и да споделуваат со оние кои се повеќе погодени, изјави Фон дер Лајен

Европските земји кои не зависат од рускиот гас мора да покажат солидарност со оние кои се принудени да вложат напори за штедење поради претстојните намалувања на снабдувањето, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Дури и земјите-членки кои ретко купуваат руски гас не можат да ги избегнат ефектите од потенцијалниот прекин на снабдувањето на нашиот внатрешен пазар, рече Фон дер Лајен за ДПА пред специјалниот состанок на министрите за енергија на Унијата закажан за вторник.

Таа додаде дека економиите на ЕУ се тесно испреплетени, нагласувајќи дека гасната криза во некоја форма ќе влијае на секоја земја-членка.

– Затоа е важно сите земји-членки да ја зауздаат ​​побарувачката, да складираат повеќе и да споделуваат со оние членки кои се повеќе погодени, рече Фон дер Лајен.

Нејзината изјава уследи по критиките од Шпанија и Португалија за предложениот план за намалување на потрошувачката на гас предложен од ЕК.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Све средивме у градов па сеа уште да смениме имиња на улици, плоштади и мостови… мостот Гоце Делчев на пример„: Твитер реакции

Редакција

Која е Сања Лукаревска, која останува заменик претседател на СДСМ

Редакција

Изгласани законските измени за побрз пристап до лекови, главно за ретки болести

Редакција