еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Земјите од групата „ОПЕК плус“ се согласија да го зголемат производството на нафта повеќе од очекуваното

Големите производители на нафта предводени од Саудиска Арабија, постигнале согласност да го зголемат производството откако Европската унија најави големо намалување на увозот руска нафта.

Откако ЕУ воведе ембарго за руската нафта, цените на нафтата на светските пазари се искачија на рекордно високо ниво, што изврши притисок врз групата производители „ОПЕК плус“ да ослободи повеќе од резерви и на тој начин да го растерети пазарот.

Аналитичарите очекуваа дека групата „ОПЕК плус“ ќе дозволи скромно зголемување на количината на нафта што ја пласира на пазарот за уште 432 илјади барели дневно во јули, но извори од „ОПЕК плус“ за медиумите потврдиле дека била постигната согласност зголемувањето на производството за јули и август да биде за 648 илјади барели дневно.

Тоа е зголемување за речиси 50 проценти повеќе отколку претходните испораки на нафта од тие земји. На тој начин ќе се компензира недостатокот од руската нафта што повеќе нема да пристигнува во ЕУ.

Се проценува дека како последица на западните санкции производството на нафта во Русија опаднало за милион барели дневно.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно до сега 3.340: Починаа 21 лице од Ковид-19

Редакција

Радев го критикува бришењето на бугарскиот клуб во Битола

Редакција

10 најголеми должници на новата Листа на УЈП

Редакција