еМагазин
Image default
Бизнис

Зголемен бројот на издадени одобренија за градење: Најмногу ќе се гради во Аеродром и Карпош

Во септември годинава се издадени 248 одобренија за градење, што е за 15,9 проценти повеќе во однос на септември лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 557 станови, со вкупна корисна површина од 45.427 квадрати.

Најголем дел се во главниот град, 258, од кои 150 во Општина Аеродром, 52 во Општина Карпош, а 34 во Општина Центар.

Според издадените одобренија за градење во септември годинава, предвидената вредност на објектите изнесува 3.285.005.000 денари, што е за 65,2 проценти повеќе во однос на септември претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 139 (56,1 процент) се наменети за објекти од високоградба, 33 (13,3 проценти) за објекти од нискоградба и 76 (30,6 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 248 објекти, на 161 (64,9 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 87 (35,1 процент) инвеститори се деловни субјекти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БИМ од Свети Николе лани со добивка

Редакција

Од Грција чекаме одговор дали од 14 мај покрај со сертификат за вакцина и ПЦР, ќе може да се влезе и со брз антиген тест

Редакција

Убава вест за акционерите: „Алкалоид“ ќе почне со исплата на дивиденда на 22 мај

Редакција