еМагазин
Image default
Бизнис

Лани зголемено производството на месо, јајца и кравјо млеко

Производството на месо, јајца и на кравјо млеко минатата година било поголемо во однос на 2019-та, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика.

Зголемен е и бројот на говеда, свињи, кози и живина.

Статистика бележи намалување на бројот на овците, како и на производството на волна, овчо и козјо млеко.

-Вкупното производство на месо е зголемено за 5,1 отсто. Производството на кравјо млеко во 2020 година изнесува 405.217.000 литри што е за 3,7 отсто повеќе во однос на 2019 година. Намалување е забележано кај овчото млеко за 23,3 отсто и кај козјото за 7,7 проценти.

Од другите добиточни производи, во 2020 во однос на 2019 година, забележано е зголемено производство на јајца и намалено производство на волна, наведува Државниот завод за статистика.

Според податоците, вкупниот број говеда лани бил зголемен за два процента во однос на 2019-та или кај индивидуалните земјоделски стопанства за 1,1 отсто, а кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) за 37 проценти.

Бројот на свињите кај деловните субјекти во 2020 година, во споредба со 2019 година е зголемен за 67,8 отсто, а кај индивидуалните земјоделски стопанства за 8,5 отсто.

Бројот на живината е зголемен за 5,2 отсто, а бројот на козите за 8,5 проценти, додека бројот на овците е намален – кај индивидуалните земјоделски стопанства за 7,3 отсто, а кај деловните субјекти за 47 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во третиот квартал 8.595 слободни работни места, најмногу во услужните дејности и продажба

Редакција

Гордана Балтовска реизбрана за член на Управниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција

Глигор Бишев оди во пензија, Санел Кустурица нов претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка

Редакција