еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Згрутчувањето на крвта е можнa нус појава од вакцината на „АстраЗенека“, потврди Eвропската агенција за лекови

Eвропската агенција за лекови (ЕМА), потврди дека постои поврзаност помеѓу вакцината на „АстраЗенека“ и згрутчувањето на крвта, јави дописничката на МИА од Брисел.

ЕМА меѓутоа смета дека оваа последица е многу ретка и бенефитите и натаму се поголеми од ризиците. За експертите од Агенцијата мора да продолжи вакцинацијата со сите расположливи вакцини затоа што тие спречуваат тешка форма на болеста и хоспитализација.

Агенцијата ќе ги информира сите здравствени работници како да ги детектираат знаците на згрутчување на крвта кај пациентите, а предупредувањата во упатството за “АстраЗенека“ ќе бидат актуализирани и ќе го содржат згрутчувањето на крвта како можна последица од оваа вакцина.

– По продлабочена студија комитетот за фармаковигилентност на ЕМА заклучи дека невообичаено згрутчување на крвта по вакцинирањето со „АстраЗенека“ треба да биде вклучено како можен нус ефект, изјави Имер Кук, претседателка на Европската агенција за лекови.

Засега начинот на кој се случува оваа реакција не е јасен, една од можните причини е дека се случува имунолошка реакција слична на таа што се случува кај пациенти третирани со хепарин.

Ризикот од тромбоза по „АстраЗенека“ може да се случи до две недели по вакцинирањето, а можни знаци се краток здив, тешкотии со дишење, болка во вратот, главоболка и заматен вид.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 10 мај ВМРО ДПМНЕ почнува со блокада на Собранието која ќе трае до договарање на датум за предвремени избори

Редакција

Утре и задутре средба на претставници на македонското и бугарското МНР, ќе разговараат за отворените прашања, најави Ковачевски

Редакција

Министерството за правда вработува девет лица, плата до 37.631 денар

Редакција