еМагазин
Image default
Бизнис

Жителите на Ново Маало со поддршка за проектот кај „Холидеј ин“: Ќе се реши проблемот на многу семејства и ќе се добие зеленило

По многуте реакции во јавноста за проектот кој е предвиден да се гради на парцелата спроти „Холидеј Ин“, се јавија и жителите на Ново Маало, кои даваат поддршка на проектот.

„Ова го аргументираме пред сé, со тоа што повеќе децении многу семејства живеат во услови кои не ги задоволуваат стандардите на хумано домување, дотраени куќи, нерешено греење, калдрма и кал до колена, место за одложување на отпад на сите што ќе навратат во центарот на градот.

Изразуваме жалење што голем дел од јавноста не го разбира ова, бидејќи е лесно е да се зборува од комфорни станови. Посочуваме дека, со овој проект ќе се реши проблемот на многу семејства кои, за волја на вистината, сé уште живеат во супстандардни услови како да е 19 век или биле приморани да ги напуштат своите куќи.

Со компензацијата која ја добиваме и реализација на овој проект кој многу години беше заглавен во институционалните лавиринти, ново маалчани конечно имаат можност да добијат живеалишта достојни за 21 век.

Освен тоа, како директно засегната и добро информирана страна, сакаме да посочиме дека ова што го гледаме во медиумите и по социјалните мрежи, оние грди бетонски зданија апсолутно немаат никаква сличност со тоа што се планира.

Откако ќе се реализира проектот, овој дел на Скопје ќе има многу повеќе зеленило отколку што на оваа локација имало во последните 50 години. Скопје е главен град и репрезент на нашата држава, кој мора да се развива по примерот на светските метрополи.

Веруваме дека јавноста кога ќе го види целиот проект во најголема мера и ќе го одобри, онака како што го одобруваме ние луѓето кои сме емотивно поврзани со Ново Маало, едно од најстарите скопски маала, а кое за жал иако е во срцето на градот претставува грда слика за една метропола,“ се вели во реакцијата на жителите испратена до медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Предвидени се 400 станови: Како ќе изгледаат високатниците спроти „Холидеј ин“

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затворот „Идризово“ вработува седум лица, плата до 15.718 денари

Редакција

Осум банки во „трка“ за платниот промет на Поштата: До крајот на месецот треба да достават понуди

Редакција

Македонија во 21 век: Половина од вкупниот број фирми немаат веб-страница

Редакција