Жителите на велешко Горно Оризари асфалтираа три улици во ова населено место во должина од 800 метри со вкупна површина од 4.076,6 метри квадратни, со сопствени средства.
Проекот го реализира Месната заедница со потрошени 48.200 евра, парични средства собрани од жителите на Горно Оризари и нивни сожители во дијаспората и со работна рака и ангажирање на жителите од селото.
Како што информира за МИА, Енвер Карталовиќ, претседател на месната заедница, целта на овој проект е да се овозможат подобри услови за живот на жителите од ова населено место.
Инаку, претходно на крајот на март тие со сопствени средства и работна рака ги проширија и асфалтираат патот од Железничкиот премин се’ до влезот во селото изградија и потпорен ѕид и ивичници на патот, кој со години беше тесно грло, преку кој поминуваат и жителите на уште неколку велешки села.
За овој проект издвоија сопствени 15.750 евра собрани од нив и нивни сожители од дијаспората.
МИА/Фото: newportnewspaving.com