еМагазин
Image default
Балкан

Жртва на Мика Алексиќ откри детали од злоставувањето: Ме избра мене и три девојчиња, па на момчето му нареди да ги соблече пантолоните

Кога имавме 13 години, не принуди да зборуваме за ерогени зони. На сите ни беше многу срам. А тогаш не подели во двојки, па ни кажа на девојчињата да ги затвориме очите и момчињата да не допираат. Секаде, и по интимните делови.

Со овие зборови, 48-годишната Т.С, која некогаш го посетувала училиштето по глума на Мика Алексиќ, опиша што се случувало тогаш, пренесуваат српските медиуми.

Во драмската секција на Алексиќ се запишала кога имала девет години.

Таа во судскиот процес ќе биде сведок на страната на актерките кои го обвинија Алексиќ за силување или сексуално злоставување.

„Бев збунета и згрозена, но на Мика не смееше да се каже не. Мика бираше кој со кого ќе биде во двојка. Се сеќавам, момчето кое беше со мене, се викаше Војкан. Мика подоцна побара да опишеме како се чувствуваме.

Убаво се сеќавам, му реков „језиво“, а тој побесна и ме тераше точно да опишам. Се обидував да си го објаснам како вежба за глума, бидејќи подоцна тоа ќе требаше да го работиме на филм. Дури подоцна, кога пораснав, сфатив колку тоа не е нормално. Децата не снимаат сцени со секс,“ вели сведокот Т.С.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Покренато обвинение против Мика Алексиќ: Обвинителство бара продолжување на притворот

Мика Алексиќ заврши во притвор, обвинет е за „силување“ и „недозволени сексуални дејства“, истрагата продолжува

Фото: Лица/РТС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли договор: Објавена агендата за средбата Курти – Вучиќ во Охрид

Редакција

Што пишуваат бугарските медиуми за посетата на Заев: Се зборувало за јазикот и промена на Уставот?

Редакција

(Видео) Вучиќ нестрпливо го чекаше Медведев: Воена вежба во чест на рускиот премиер во Србија

Редакција