еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Ќе има ли договор: Објавена агендата за средбата Курти – Вучиќ во Охрид

Премиерот на Република Косово, Албин Курти в сабота во Охрид ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, во рамки на дијалогот Косово – Србија посредуван од Европската Унија.

Курти и Вучиќ веќе го потврдиле нивното учество на оваа средба, јавува Косовската радио-телевизија.

Косовската телевизија информира дека според добиеното официјално известување од делегацијата на ЕУ во Приштина, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел и специјален претставник на Унијата за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, најпрво ќе остварат одвоени средби со Курти и Вучиќ, па потоа и заедничка средба со нив.

Се очекува тие да разговараат и да го потпишат спроведувањето на европскиот план за нормализирање на односите помеѓу двете земји.

Според најавите од делегацијата на ЕУ во Приштина се очекува првата средба да почне во 10 часот. Од делегацијата на ЕУ во Приштина наведуваат дека по завршувањето на сите состаноци, предвидена е изјава на Борел за медиумите.

Домаќин на средбата во Охрид, која беше најавена на 27 февруари, ќе биде премиерот Димитар Ковачевски.

На прашањето на МИА минатиот месец дали премиерот Ковачевски би прифатил да биде домаќин на оваа средба од Владата одговорија потврдно и посочија дека европскиот предлог за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина е исклучително важен за иднината и стабилноста на регионот, а Македонија уште еднаш докажува дека фактор на стабилност, односно земја членка на НАТО, која ги отпочна преговорите со ЕУ и како земја која претседава со ОБСЕ, најголемата безбедносна организација во Европа.

Средбата меѓу српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти со претставници на ЕУ во Брисел кон крајот на минатиот месец заврши без договор, но европскиот комесар за надворешни работи Борел тогаш изјави дека Вучиќ и Курти се согласиле дека не се потребни дополнителни разговори за европскиот предлог и дека тоа е рамка за нормализирање на односите меѓу двете страни.

Борел истакна дека разговорите биле интензивни и дека и Вучиќ и Курти покажале одговорност.

МИА/Фото: Борел/Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ДИК исплаќани надоместоци без мерливи критериуми и комплетни документи, откри државна ревизија

Редакција

Лекарска комора: Пациентите со автоимуни ревматски болести со голем ризик на компликации од Ковид-19

Редакција

Најмладото на 44 години: Од Ковид-19 починале 36 лица, кај 32 регистрирани коморбидитети

Редакција