еМагазин
Image default
Свет

Германија им дава по 200 евра на студентите за покривање на зголемените сметки за енергија

Студентите во Германија денеска можат да побараат паушална помош од 200 евра за покривање на зголемените сметки за енергија. 

„Обработката на барањата и плаќањата треба да се изврши многу брзо преку автоматизиран процес“, изјави германската министерка за образование Бетина Старк-Ватцингер

Право да добијат еднократен грант имаат сите лица кои на 1 декември 2022 година биле запишани на некој од германските универзитети или колеџи и имале регистрирано живеалиште во Германија. 

Здруженијата на германски студенти го критикуваа доцнењето на исплатата на помошта со оглед на тоа дека грејната сезона е при крај. Потоа беше критикуван фактот што веб-страницата преку која студентите треба да поднесат барање набрзо по нејзиното отворање, поради преоптоварување, повеќе не беше достапна. 

Претставникот на демохристијанската опозиција задолжен за прашањата за образование, Томас Јарзомбек (ЦДУ) проблемите со интернет платформата ги нарече „катастрофа“. 

Минатата година германската Влада донесе одлука за три пакети мерки со вкупна вредност од 100 милијарди евра, со цел да се растоварат граѓаните кои се соочуваат со драстично поскапување на енергенсите. 

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Лицата кои немаат симптоми на корона вирусот, ретко ја шират инфекцијата

Редакција

Светот пред ново искушение, новиот вирус корона се пренесува од човек на човек

Редакција

Канада го затвори својот воздушен простор за руските авиокомпании

Редакција