еМагазин
Image default
Македонија

Зијадин Села: Да видиме колку длабоко ДУИ е влезена во местење судии и обвинители

Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села од редовниот состанок на централното раководство што се одржа во Тетово во изјава за медиумите ги коментираше актуелните политички случувања.

Лидерот на Алијансата за Албанците посочи дека во врска со најновите аудио бомби во јавноста ќе дискутираат подолготрајно во органите на партијата зашто фокусот е во одговорноста што треба да ја имаат политичките чинители.

– Во време на политичката криза сегашниот премиер, а тогаш лидер на опозицијата излезе со факти од прислушувањето каде јасно се гледа каде местеа судии. Ист случај има со новите бомби да видиме колку длабоко ДУИ е влезена во местење судии и обвинители, и колку тој судски систем е заложник на Али Ахмети и ДУИ како партија.

Имајќи ја во предвид оваа инсталација од судии и обвинители што ДУИ ги има правено во времето на нивното владеење, се доведува до прашање одговорноста на политичките функционири и бивши и сегашни министри, пратеници на ДУИ, рече Села.

На новинарско прашање за приведувањето на службеник од редовите на ДУИ осомничен за земање мито, Зијадин Села рече дека и порано истакнувал оти не треба да има заштитени политички мечки.

– Ако во цел овој процес и очекување на правдата и правото за сите, немаше ниту еден бивш функционер на ДУИ да одговора кривично за корупција и криминалот што го имаат правено во минатото, во тој случај Заев требаше да му го отстапи место на Ахмети.

Тој би бил „многу чист“, „некорумпиран“ и неговите министри би биле некорумпирани, што не е така.

Се надевам дека нема да престане само со ова и мислам дека нема да се случи феноменот од третиот и четвртиот функционери на ДУИ да одговораат, туку одговорноста треба да почне да се бара и од членовите на Владата и идните денови ќе гледаме вакви случаи и сите што имаат проблем со законот ќе одговараат, потенцираше Села.

На состанокот на централното раководство учествуваа претседателите на младинските ограноци.

МИА/Фото: Села/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од понеделник ќе се прави скрининг-тестирање за имунитет на Ковид-19 на населението во земјава, најави Петличковски

Редакција

„Илинден“: Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија

Редакција

Убава вест: Оздравени 280 пациенти кои боледувале од Ковид-19

Редакција