Во првите девет месеци од годинава ЗК Пелагонија АД Битола оствари оперативни приходи во износ од 850.946 илјади денари, и истите бележат намалување од 4% во однос на истиот пресметковен период од минатата година, информира Друштвото преку Македонската берза.
-Во структурата на оперативните приходи највисока е ставката на приходите од продажба на добра и услуги кои опфаќаат 77 % од вкупните оперативни приходи или износ од 657.053 илјади денари. Приходите од продажба се намалени во однос на претходната деловна година за 15%.
Останатите оперативни приходи се во износ од 171.408 илјади денари и истите учествуваат со 20% во вкупните оперативни приходи .
Остварените оперативни расходи заклучно со 30.09.2023 се во износ од 834.864 илјади денари и истите се помали во однос на оперативните приходи за износ од 16.082 илјади денари или за 2% .
Промената на вредноста на залихите во анализираниот пресметковен период од тековната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на пресметковниот период, генерира расходна ставка во износ од 85.792 илјади денари.
Финансиските приходи во анализираниот период изнесуваат 100.876 илјади денари, а финансиските расходи изнесуваат 5.850 илјади денари.
Во анализираниот период Друштвото оствари добивка во износ од 25.316 илјади денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗК Пелагонија со добивка во првото полугодие
ЗК Пелагонија ќе продава 2.803 сопствени акции или 1,12% од основната главина
За надоместоци на Одборот на директори на ЗК Пелагонија лани исплатени 3,2 милиони денари