еМагазин
Image default
Македонија

Значајно се намали интересот за вакцинација, вели Филипче

Очигледно е, потенцираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче, дека огромен е процентот на заболени кои се невакцинирани и сега вирусот се шири значајно меѓу невакцинираните граѓани.

– За жал се намали значајно интересот за вакцинација. Стигнавме до некаде 800 илјади граѓани кои се вакцинирани со најмалку една доза, од нив 760 ревакцинирани, меѓутоа високиот процент докажува дека болниците ги полнат само невакцинирани граѓани.

И затоа апелирам да се вакцинираат сите, мора да го заштитат здравјето, мораме постепено да ги враќаме сите процеси во нормала и исто така е еднакво важно да го заштитиме здравствениот систем.

Се уште има одделенија кои се ковид-центри, не работат со основната дејност, се уште има систем на ротација.

Во ситуација кога има вакцини на располагање сметам дека тоа не треба да биде сценарио и треба да се граѓаните свесни и да се заштитат себе си и да ги заштитиме здравствените капацитети и секако кадарот кој работи во делот на своите специјалности“, посочи Филипче.

Тој рече и дека тие кои се јавуваат на преглед и кои кажуваат некои од карактеристичните знаци за постковид состојбата, како што е манифестација на белите дробови во смисла на наод на компјутерска томографија на бели дробови или некаква последица на срцевата акција некаква фиброза, сега е период кога се повеќе се анализираат и во светот и кај нас, се повеќе се докажуваат со специфични испитувања.

– Не само кај нас, секаде во светот е многу рано да се зборува за типични постковид компликации или последици од болести. Сепак, следи период, исто како што е ова период на анализа на самите хронични болести и за тие аспекти, додаде Филипче.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 34 случаи на Ковид-19, оздравени 264, починати тројца

Редакција

Висока температура, најчест симптом кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција

Владата донесе одлука за основање на државен студентски дом во Тетово

Редакција