еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Знаците за напредок во преговорите меѓу Русија и Украина ја намалија цената на нафтата

Цените на нафтата паднаа под 106 долари за барел денеска поради знаците за напредок во разговорите меѓу Русија и Украина, што би можеле да ги олеснат проблемите со снабдувањето со руска нафта и послабата кинеска побарувачка во услови на построги мерки за контрола на Ковид-19.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнево беше пониска за 6,51 долар во однос на претходното затворање и изнесуваше 105,97 долари. На американскиот пазар денеска се тргуваше за 99,55 долари – 6,41 долари пониско за барел.

Трговците вчера беа загрижени за строгите мерки за сузбивање на Ковид-19 во Шангај, што ја погоди побарувачката за гориво во Кина, најголемиот увозник во светот. На Шангај отпаѓа околу четири отсто од потрошувачката на нафта во Кина, објаснуваат аналитичарите на ANZ Research.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оптимизам за завршување на руската инвазија по новата рунда преговори помеѓу Украина-Русија

Русија „радикално“ ќе ја намали воената активност во Киев и Чернигов

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истрагата за дојавите за бомби дава интересни првични податоци, вели Ковачевски

Редакција

На 42 години почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

Редакција

Детален преглед: Лани пораснал бројот на фирми кои котираат на Македонската берза што оствариле добивка

Редакција