еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Знаете ли кога и каде е формирана македонската Армија

Македонската армија денеска го слави 28. роденден.

За роденден на Армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија.

Процесот за формирање на современата македонска армија, пак, започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија.

Македонската Армија денес заедно со армиите на уште 29 земји е составен дел од најголемиот колективнен безбедносен систем откако Македонија во март годинава стана 30 полноправна членка на НАТО.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владејачката ХДЗ победи на изборите во Хрватска, формирањето на влада неизвесно

Редакција

Каков имот пријавил новиот градоначалник на Штип, Сашко Николов

Редакција

Трпчески и пријателите низ Балканот со Македонисимо

Редакција