еМагазин
Image default
Македонија

ЗНМ: Дефиницијата за навреда не смее да содржи „негативно мислење“

Во предлог законот за клевета и навреда, во моменталната верзија, во дефиницијата за навреда се вели дека ќе се одговара и за изразување на „негативно мислење“. Оваа дефиниција е нова и се разликува од постоечкиот закон, а на начинот на кој е дефинирана остава простор за погрешно толкување од страна на граѓанскиот суд на штета на слободата на изразување, реагираат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и бараат дефиницијата за навреда соодветно да се коригира на начин што ќе се врати старата дефиниција од законот од 2013 година.

-Иако во локалната судска пракса предметите кон медиумски работници се пред се за клевета и речиси да нема за навреда, ваквата дефиниција доколку не се измени може да поттикне во иднина бран на тужби кон новинарите само за искажано мислење што во основа е спротивно со начелата на слободата на изразување и правото на информирање на граѓаните, реагираат од ЗНМ.

Текстот на овој Предлог закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета е во фаза на прво читање во Собранието од јули 2021 година. Истиот текст, посочуваат од ЗНМ, предвидува значително намалување на нематеријалната штета за новинарите и медиумските работници како барање што ЗНМ претходно го имаше кон Министерството за правда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По бројните негативни реакции, Министерството за правда го повлекува предлогот за казнивост за изразено „негативно мислење„

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерот Заев нема да поднесе оставка во случај на бугарско вето

Редакција

(Видео) Велија Рамковски стана јутјубер

Редакција

Поради болест на на обвинетиот Мартин Протуѓер, судењето за „Титаник“ одложено за 24 септември

Редакција