еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

УХМР: Јануари просечно студен со потпросечна количина врнежи

Јануари годинава се карактеризира како просечно студен и подпросечно влажен месец во споредба со многугодишните просечни вредности, согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во државава што ги врши Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

-Колебањето на температурата изнесуваше 7,8 степени Целзиусови и се движеше од -2,6° степени во Маврово до 5,2 степени во Гевгелија.

Споредено со просечните јануарски средномесечни температури, за триестгодишен период (1981-2010), овогодинешната била 0,1 степен над просечната на ниво на држава.

Во почетокот на месецот беа забележани високи максимални и минимални температури невообичаени за овој дел од годината. На повеќе мерни места максималните температури  беа повисоки од апсолутните максимални вредности. Највисоката максимална температура беше измерена на 1 јануари во Гевгелија и изнесуваше 20,7 степени, информира УХМР.

Забележени се минимални температури под нулата на сите мерни места особено поинтензивно ниски во третата декада. Најниската температура во текот на месецот е измерена во Берово, на 25 јануари и изнесуваше -19,6 степени.

Како што соопшти УХМР, во јануари годинава колебањето на месечната сума на врнежи во државата изнесуваше 55мм и се движеше од 9,3мм во Прилеп до 64,4мм во Маврово.

-Врнежите беа од дожд  и снег, претежно во почетокот на втората декада од месецот. Максимална дневна количина на врнежи од 37,5мм беше регистрирана во Демир Капија на 11-ти во месецот.

На Попова Шапка на 11-ти беше измерена снежна покривка од 60 сантиметри. Споредено со јануарската просечна вредност за многугодишен период (1981-2010), измерената месечна сума на врнежи беше 15мм под просечната,  учествуваше со 67 проценти во просечната на ниво на држава, наведуваат од УХМР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ФОТО) Изумителот на домашниот крем од лешници „Леска“, Пеце почна со производство на чоколади

Редакција

Новата фотографија од рис во Националниот парк „Маврово“ ја разнежни Македонија

Редакција

Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција