еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ЗНМ: Полиција или цензори, скандалозно избришан видео запис на ТВ21

На денешните протести во Скопје поврзани со блокадите на приватните превозници, полицијата грубо го прекрши правото на новинарите да снимаат и известуваат, велат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

„Според сведочењето на колешката Фазиле Халили од ТВ21 таа со својот мобилен телефон снимала дел од протестот каде полицајците влечеле една жена.

Во тој момент еден од полицајците во униформа и пришол и и рекол дека не смее да прави видео запис. Со заканувачки тон и рекол веднаш да ја избрише снимката.

„Бриши ги снимките бидејќи немаш право да снимаш” рекол полицаецот, на што колешката му рекла дека е новинарка и дека не само што има право, туку е и нејзина должност да ја информира јавноста.

Но, полицаецот и рекол веднаш, тука пред него, да ја избрише снимката од сите албуми во телефонот, сакајќи да биде сигурен дека нема траги на ништо што е снимено,“ велат од ЗНМ.

Од таму додаваат дека вршење притисок за бришење и бришење на видео и фото материјали од страна на полицијата преставува директно прекршување на членот 16 од Уставот со кој се забранува цензурата и се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации. Со ваквото однесување полицијата ги спречува новинарите да известуваат за настанот и се става во улога на цензор кој решава што смее а што не смее да види македонската јавност.

„Протестите секогаш се настани од јавен интерес и јавноста има право да знае што се случува за време на протестите, дали има повредени, дали има уништување на јавен и приватен имот, но и дали евентуално полицијата ги пречекорила овластувањата и употребила прекумерна сила.

Инцидентот ќе биде пријавен во Секторот за внатрешна контрола на МВР и ЗНМ очекува полиција да го расветли случајот, да ги открие одговорните и соодветно да ги казни, за да во иднина не се повтори ваквото неприфатливо однесување на полицијата,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блокадите од утре се „селат“ само пред бараките на Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

41 прекршување на полицискиот час, 401 казни за неносење маска

Редакција

Димитров ја „подбра“ Захариева: Паушално да се оцрни соседот, не е ниту пријателски ниту европски

Редакција

Уставниот суд не поведе постапка за членот 1 и членот 2 од Законот за амнестија

Редакција