еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во Иран извршена првата смртна казна за ученик во антивладините протести

Маж осуден за повреда на припадник на паравоени сили за време на протестите во Иран, е егзекутиран утрово во Техеран, јави агенцијата Ирна.

Ова е прво извршување на смртна казна на осуден учесник во протестите.

Осуденикот ранил припадник на групата Басиџ, доброволна паравоена група на елитната иранска Револуционерна гарда, откако го блокираше сообраќајот на авенијата во Техеран за време на немирите што ја тресат земјата речиси три месеци.

Тримесечните антивладини демонстрации на кои интервенираа иранските безбедносни сили беа предизвикани од смртта на 22-годишната Махса Амини, откако таа беше приведена поради наводно кршење на строгиот кодекс на облекување на Иран.

Во меѓувреме, демонстрациите се претворија во повици за соборување на верските владетели во Иран и претставуваат еден од најсериозните предизвици за иранските власти од револуцијата во 1979 година. Револуционерниот суд на Иран редовно изрекува смртни казни. Судот е основан по исламската револуција во 1979 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дома починале 13 лица од заболените од коронавирусот во Македонија

Редакција

„Октопус Ријека“ го доби тендерот на ЕЛЕМ за одржување на преливна шахта во ХЕЦ Козјак вреден 537.000 евра

Редакција

Грција засега останува на планот за отворање на границите на 1 јули

Редакција