еМагазин
Image default
Македонија

ЗНМ, ССНМ и СЕММ побараа од Владата подобри услови за работа на снимателите и фоторепортерите при покривање настани

Претставниците на ЗНМ, ССНМ и СЕММ денеска одржаа средба со генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, на која побараа од Владата подобри услови за работа на снимателите и фоторепортерите при покривање настани.

Средбата се одржа на иницијатива на претставниците на секцијата на сниматели при ЗНМ и фоторепортерите, а е поттикната од последните инциденти со посетата на бугарската делегација во Владата, на која медиумските работници немаа соодветни услови за работа.

Како што соопштија од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), на средбата беа дискутирани и презентирани проблемите и предизвиците со кои се соочуваат снимателите и фоторепортерите на настани организирани од страна на Владата.

Снимателите и фоторепортерите потенцирале дека е потребно да се најде сериозно решение во контекст на почитувањето на здравствените протоколи за медиумско покривање на настани во затворен простор.Со оглед на тоа што проблемите со условите за известување не се изолирани било побарано да се направи посебен протокол или правилник преку кој македонските новинарски екипи нема во иднина да бидат дискриминирани на сметка на странските новинари или на претставници на владините прес служби. Според ЗНМ, Владата во иднина кога има таков тип на настани за медиумите треба да обезбеди соодветни услови за нивна работа.Исто така, на средбата било истакнато дека е потребно сите информации од страна на Владата и јавните институции без разлика дали станува збор за текст, фотографија или видео материјал да бидат јасно означени дека станува збор за владин материјал со воден жиг.

– На овој начин јавноста од една страна ќе биде свесна и ќе прави разлика што е владина информација, а што е медиумска, а од друга страна и медиумите нема така лесно да копираат информации кои не се нивни, соопштија од ЗНМ.

На средбата беше договорено во следниот период да се реализира уште еден состанок каде ќе се прецизираат заклучоците и ќе се имплементираат конструктивните предлози во форма на протоколи за да се избегнат вакви непријатни ситуации во иднина.

Како што потенцираат од ЗНМ, овие активности имаат за цел да се подобрат условите за работа на медиумските работници што на крај треба да придонесе и за послободно и попрофесионално известување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското Министерство за одбрана во воените архиви ќе бара дали имало гробница на бугарски војници кај Кавадарци

Редакција

Нови 175 заболени со корона вирусот, најмногу во Скопје 131

Редакција

„Дојче веле“: Десетина лица кои биле во модуларната болница во Тетово, неочекувано се јавија како сведоци

Редакција