еМагазин
Image default
Македонија

ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ: Министерството за економија да ги поништи тендерите за медиумска кампања

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) бараат до Министерството за економија да ги поништи тендерите за медиумска кампања.

Од ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ потсетуваат дека Министерството за економија објави огласи за јавни набавки со кои бара фирма за изработка на медиумска и комуникациска стратегија и за посредување на закуп на медиумскиот простор.

Според описот на јавната набавка целта е да се склучи договор со приватна фирма за сума од околу 200.000 евра која потоа ќе ги изработи овие стратегии и ќе плати на онлаjн медиуми пари за кампања за промоција.

-Партнерските организации ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ потсетуваат дека праксата за закуп на медиумски простор е забранета и во спротивност со Заклучокот на Владата од 24-та седница од 22.08.2017, a во согласно со мерката 6.1.2. од Планот 3-6-9, која се однесува на стопирање со владините реклами.

Со овој заклучок се обврзуваат државните органи да престанат да емитуваат/рекламираат кампањи/спотови на платен простор во електронски комерцијални радиодифузери – телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди, интернет портали и сл. (со исклучок на социјалните медиуми), се вели во денешното соопштение од ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ.

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зоран Милески-Кичеец заврши во притвор за сообраќајката во која едно лице загина, а седуммина беа повредени

Редакција

Убава вест: 998 оздравени од Ковид-19

Редакција

Заев: Петар Атанасов поднесе оставка бидејќи не стана министер за образование

Редакција