еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Звучни имиња на новата листа должници на УЈП, меѓу нив и СЈО

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави листата на должници бр.11/2020 за долгови доспеани до 31.07.2020 и неплатени до 31.10.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На листата може да се забележат имиња на познати бизнисмени, спортски клубови и фирми.

Така, кумновскиот бизнисмен Бајруш Сејдији должи 112 милиони денари, ФК Вардар должи 38  милиони денари, струшкиот бизнисмен Георги Миладинов должи 8 милиони денари, БМЈ Медиа груп должи 6,5 милиони денари…

Забележително е дека на листата должници се најде и Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кое должи 4,4 милиони денари.

ПОВРЗАНИ  ВЕСТИ

Топ пет најголеми должници кон УЈП: ТЕ-ТО со 11,4 милиони евра убедливо на врвот

Нова листа должници на УЈП: 4.683 граѓани и фирми должат 161 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

80% од починатите од Ковид-19 биле невакцинирани

Редакција

„Попова кула“ ја зголеми добивката

Редакција

Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајка на патот Неготино – Кавадарци

Редакција