Албанскиот Институт за статистика денеска направи корекција, па наместо “северномакедонци“ како што беа запишани во пописните резултати сега пишува Македонци за сите оние албански државјани што се изјасниле како Македонци.
Ова за Канал 5 го изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој е на форум во Дубровник и таму стапил во контакт со албанскиот министер за надворешни работи, Игли Хасани.
„Тој потоа стапи во контакт веројатно со соодветните служби во соседна Албанија. Информираше дека по однос на тоа прашање се работело за техничка грешка,“ изјави Муцунски за Канал 5.
Министерство за надворешни работи ќе го повика амбасадорот Данчо Марковски на итни консултации во Скопје, околу неговиот ангажман таму по однос на стратегијата која има за цел да ги заштити правата на Македонците кои што живеат на територија на Албанија, но и да се работи на добрите билатерални односи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНР остро реагира на употребата на термин „северномакедонци“ на пописот во Албанија
Во Албанија има 2.281 „северномакедонци”, Бугари од 0 во 2011 сега има 7.597