еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цената на бензините останува иста

Малопродажната цена на дизелот се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 76 денари за литар, одлучи Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажните цени на бензините „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“ и на Мазутот М-1 НС не се менуваат и остануваат 82 и 84 денари за литар, односно 41,411 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,271 отсто, кај дизелот за 4,708, кај Екстра лесното масло за 4,532 и кај Мазутот за 0,836 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,104 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓаните и компаниите чуваат 1,1 милијарда евра во НЛБ Банка

Редакција

„Ватростална“ го доби тендерот на ЕСМ за градежни работи во РЕК Битола вреден 6,8 милиони евра

Редакција

Тендер „тежок“ 11,2 милиони евра: Министерството за здравство склучи договори за набавка на вакцини со четири компании

Редакција