Од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска информираа дека Комисијата утврдила состојби од кои произлегуваат сомнежи за несовесно работење, искористување и злоупотреба на службена положба и овластување од страна на поранешни раководни лица на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) АД Скопје и од други службени лица вработени во ЕСМ.
Како што информираа од таму сомнежите се за даночно затајување преку дампинг практики и трансфер на цени на штета на буџетот на ЕСМ и државниот буџет.
ДКСК на денешната седница донесе одлука претходната иницијатива до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да ја дополни и истата да биде доставена и до Регулаторната комисија за енергетика, Комисијата за заштита на конкуренција, Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: ЕСМ