еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апелација им го укина куќниот притвор на Беким Незири и на уште еден осомничен за упадот во М-НАВ

Апелациониот суд им го укина куќниот притвор на Беким Незири, функционерот на владејачката ДУИ и на Алмир Рамдедовиќ, осомничени за упадот во државното акционерско друштво Македонска навигација (М-НАВ).

Од Судот велат дека ги уважил жалбите на осомничените, го укинал куќниот притвор на Незири и на Рамдедовиќ и ги оставил мерките за претпазливост кои првично им ги одреди Кривичниот суд.

-Судот, ценејќи ги доказите приложени кон доставениот предлог за определување на мерка притвор, а имајќи предвид дека единствен доказ кој се однесува на осомничените е потврдата за привремено одземени предмети, како и наводите во изјавената жалба на ОЈО Скопје против Решението на судијата на претходна постапка и образложението на обжаленото решение, оцени дека во истите не се приложени докази, ниту се истакнати факти и околности кои укажуваат на реална опасност од бегство на осомничените, страв од попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, ниту се наведени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, а имајќи ги предвид личните прилики на осомничените и нивното однесување по сторување на кривичното дело за кое се сомничат, се вели во соопштението.

На страната на осомничените било и Вишото јавно обвинителство кое предложило да се уважат нивните жалби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Беким Незири и уште тројца добија куќен притвор за упадот во М-НАВ: Кривичен делумно ги прифати жалбите

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по обидот за самоубиство на родилка

Редакција

Детален преглед: Кои се 248. лица што донираа 200.000 евра за кампањата на Гордана Силјановска Давкова?

Редакција

Призма: Условна казна и трошок од 50 евра за инвеститорот на дивоградбата кај Мавровка

Редакција