еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Аутомакедонија лани со зголемена добивка

Аутомакедонија АД Скопје лани остварила добивка пред оданочување во износ од 30 милиони денари, што претставува 9% зголемување во однос на истиот период 2023 година, информираат од таму преку Македонската берза..

-Оперативни приходи се зголемени за 26%, при зголемена набавна вредност на продадени производи за 34% со стабилно ниво на трошоци за оперативно работење со пораст од 1,4% во однос на 2023 година, што резултира со оперативна добивка од 21 милион денари.

Финансиските приходи се зголемени за 50% во 2024 во однос на 2023, како приходи од дивиденда од поврзани субјекти.

Поради инвестиционата активност видлива преку пораст на материјални средства од 36% финансирана од комерцијални кредити, финансиските расходи се зголемени за 12%, што резултира со добивка пред оданочување од 30 милиони денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аутомакедонија купи акции на АМ Брокер

Аутомакедонија ја зголеми нето добивката за 46% во третиот квартал

Генералниот директор Игор Илиевски купи 400 акции на Аутомакедонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонијатурист во првите шест месеци со добивка

Редакција

Паркингот во Ист Гејт Мол ќе се наплаќа, почнувајќи од понеделник

Редакција

Русите тврдат дека го зазеле Мариупол, Путин наредил блокада на фабриката Азовстал во која се “националистите и странските платеници“

Редакција