еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бендевска се заколна во “РС Македонија“, Милошоски не, бил болен

Пратеничката на ЗНАМ – За Наша Македонија, Весна Бендевска, која денеска стана потпретседател на македонското Собрание, при заклетвата наместо целосното уставно име употреби кратеница – “РС Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милошоски, Митрески и Бендевска избрани за потпретседатели на Собранието

Заклетва со целосното уставно име даде пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, кој до пред извесно време беше претседател на Собранието, а денеска стана потпретседател.

Третиот потпретседател на Собранието, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски пак не даде заклетва. Бил болен, информираше новиот претседател на Собранието, Африм Гаши..

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Путин: Тежнеењето на Западот за доминација на светската сцена ја зголемува опасноста од судири

Редакција

Две лица загинаа откако со возило излетале во провалија на Галичица

Редакција

Владата на привремени вработувања ќе потроши 128.000 евра

Редакција