Божиќна пештера е поставена на Градскиот плоштад во Скопје.
„Нејзиното празнично присуство на Градскиот плоштад ќе ни ги грее срцата, ќе нè потсетува на суштината и на радоста што ни доаѓа. Токму овде, на ден Бадник 06.01.2024 (сабота) во 11 часот, бесплатно ќе бидат поделени над 2.000 златни божиќни ѕвездички на децата кои ќе дојдат да учествуваат во најголемата бадникова поворка што веднаш по малиот божиќен концерт на Златно славејче и македонските поп ѕвезди, традиционално ќе започне од Камениот мост, а ќе заврши во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ со топол прием и дарување од Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан,“ информираат од Бадникови поворки.
Божиќните пештери во различни големини ги изработуваат монахињите од манастирот Св. Георгиј во Рајчица.
Фото: Бадникови поворки