еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Брат во кумановско Габреш си ја убил сестрата и нејзиниот син, другиот внук е ранет

Поради нерасчистени семејни односи 66-годишен жител на кумановското село Габреш денеска си ја убил сестрата и нејзиниот син, а другиот внук е ранет, информираа од СВР Куманово.

Убиената жена е на возраст од 63 години, а нејзиниот син имал 38 години.

Другиот внук, кој е пренесен во Општата болница во Куманово е на возраст од 36 години.

– Поради нерасчистени семејни односи денеска во 12.25 часот полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д.Ѓ. (66) затоа што во село Габреш, кумановско, поради нерасчистени имотно правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д.Р. (63), и нејзините синови Ж.Р. (36) и Т.Р (38).

Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д.Р. и Т.Р., додека Ж.Р. со повреди е пренесен во Општа болница Куманово, информираа од СВР Куманово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вработени поднеле кривична против шефот на Управниот суд, Бурим Сејдини

Редакција

Во салата има само 60 пратеници: Почна собраниската седница за гласање доверба на Владата, Џафери си замина

Редакција

Четворица Американци се степале во Кисела Вода, агресивно се однесувале и кон полицајци

Редакција