еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Велик Понеделник: Од денеска почнува Страсната седмица

Денеска е Велик Понеделник првиот ден од Страсната седмица која е посветена на последните денови од животот на Исус Христос на земјата.

„Последните денови од Христовиот живот на земјата Црквата ги нарекла Страсна седмица (со значење Страдална седмица).

Секој ден во оваа Велика седмица во богослужбените книги е наречен „велик и свет“, и секој еден од нив е одбележан од посебни и карактеристични богослужби кои се разликуваат од богослужбите во останатите денови од годината. Во овие денови животот на верните христијани како да престанува, и тие се „искачуваат со Господа во Ерусалим“ (од Утрената на Велики понеделник).

Секој ден од Страсната седмица е посветен на определена тема, односно парабола.
Во првите три дена, на Часовите, како и на Литургијата на претходноосветени дарови се чита Евангелието.

Eвангелието се чита и на Утрените богослужби, наречени „Служби на Женихот“, во кои централна тема е второто Христово доаѓање и Судот, а кои вообичаено се служат навечер. Старозаветните паримии се читаат од Втората книга Мојсеева, Книгата Јов и пророците,“ се вели во објаснувањето на Православно секојдневие.

Извор: Православно секојдневие

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најголем број од починатите од коронавирусот во Македонија се на возраст над 60 години

Редакција

Градинарскиот центар „Фоја“ со неверојатна понуда на надворешни декоративни садници

Редакција

Лажни дојави за бомби во 20 училишта во Скопје

Редакција